Правила и услови

Со општите услови се пропишуваат правилата за користење на апликацијата „justitia.mk“ (понатаму: апликацијата) од страна на корисниците. Со користењето на оваа апликација,корисниците изјавуваат дека се согласуваат со изнесените услови и правила.

Правото на користење на оваа апликација е лично право на корисникот и не може на ниту еден начин да се пренесе на други физички или правни лица (надвор од неговата фирма). Корисникот е лично одговорен за заштита на доверливоста на лозинките на својот профил.

Корисникот се согласува и прифаќа дека без оглед на причините, пристапот на апликацијата понекогаш може да биде во прекин, привремено недостапен или исклучен. justitia.mk го задржува правото во кое било време да измени или да укине кој било сегмент од своето работење, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на содржината, времето на достапност, како и опремата потребна за пристап и користење на апликацијата.

ИЗМЕНА НА УСЛОВИТЕ
justitia.mk го задржува правото во кое било време и без претходно известување, да укине или да измени кој било од наведените Услови за користење. Затоа, корисниците се должни одвреме-навреме да ги прочитаат информациите содржани во Условите за користење, за да бидат
информирани за евентуалните измени и дополнувања. Доколку дојде до измена на Условите за користење и корисникот продолжи да ја користи „justitia.mk“ се подразбира дека ги прифаќа Условите за користење што се важечки во моментот.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
Корисникот е согласен дека користењето на оваа апликација е исклучиво на негова одговорност. justitia.mk не гарантира дека користењето на оваа апликација нема да биде прекината
или дека ќе биде без грешки; justitia.mk не гарантира за последиците што можат да настанат со користењето на оваа апликација.

Корисникот се согласува дека администраторот на оваа апликација, не е одговорен за навредливо, несоодветно или противзаконско однесување на другите корисници или трети лица и дека ризикот од штетата што може да настане како последица на наведеното, во целост паѓа на корисникот. Во ниту еден случај администраторот на апликацијата нема да биде одговорен за каква било штета што може да настане како последица од користењето или неможноста за користење на апликацијата.

Корисникот јасно и директно потврдува дека овие одредби се однесуваат на целокупната содржина на апликацијата.

Доколку администраторот забележи лажни профили или какво било друго однесување кое упатува на злоупотреба од секаков вид при користење на апликацијата, заради стекнување определена корист, таквиот корисник веднаш ќе биде дискфалификуван и нема да има право на понатамошно користење на апликацијата.

ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ
Заштитата на податоците ја разбираме сериозно и преземаме мерки на претпазливост за да ги заштитиме личните податоци на корисниците во согласност со позитивната законска регулатива. Согласно Законот за заштита на лични податоци со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовлaстено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка.
Вршиме енкриптирање на одредени чувствителни информации, за да обезбедиме сигурност на личните податоци на корисникот.
Сепак, тука мораме да напоменеме дека ниту еден пренос на податоци преку Интернет или која било безжична мрежа не може да биде целосно сигурен. Како последица на тоа и покрај тоа што преземаме разумни заштитни мерки за заштита на податоците, не можеме да ја гарантираме заштитата на која било информација пренесена на или од нашата апликација.

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Со пристапот или со користењето на оваа апликација, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на апликацијата. Доколку корисникот не се согласува со овие услови, го молиме да не пристапува и да не ја користи оваа апликација.

Користиме посебна заштита, со која сите Ваши податоци се заштитени.

СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД КОРИСНИКОТ
Кога корисникот ќе пристапи и ќе се вклучи кон оваа апликација, од него ќе бидат побарани одредени лични податоци. Ако корисникот не достави некој податок што е задолжителен за одредена активност, нема да може да ја користи оваа апликација.